Се урна хеликоптер во Атлантскиот Океан, има загинати!

Најмалку три лица загинаа денеска кога хеликоптер се урна во Атлантскиот Океан во близина на брегот на Нигерија, за време на летот до крајбрежен објект за производство и складирање нафта, соопшти нигериската државна нафтена компанија ННПЦ.

Екипажот на хеликоптер изгубил сигнал за време на летот од крајбрежниот град Порт Харкорт до бродот за складирање нафта, јавува Ројтерс.

Во хеликоптерот Сикорски СК76 имало шест патници и двајца членови на екипажот, а нигериското Министерство за воздухопловство соопшти дека хеликоптерот паднал во океанот во Гвинејскиот залив.

Во потрагата учествува и војскатa.

Портпаролот на Министерството за воздухопловство, Одутајо Олусеји, изјави дека не добиле сигнал за итен случај и дека се утврдува точната локација на падот на хеликоптерот, додавајќи дека во потрагата се вклучени сите расположливи ресурси, вклучително и војската и авионите кои летаат ниско.

Пронајдете не на следниве мрежи: