Се формираше ТРОЕН БРАТСКИ РОДОЉУБЕН СОЈУЗ! Зајакнува отпорот против промена на името

ТРОЕН БРАТСКИ РОДОЉУБЕН СОЈУЗ
ЈА ИЗВЕСТУВАМЕ МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ ДЕКА ТРИТЕ ВОДЕЧКИ МАКЕДОНСКИ РОДОЉУБНИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД САМОБЕЗБЕДНОСЕН КАРАКТЕР:
– ХРИСТИЈАНСКО БРАТСТВО,
– МОС МАКЕДОНСКИ ОБЕДИНЕТИ СИЛИ И -ТВРДОКОРНИ.
ГИ ЗДРУЖУВАМЕ СВОИТЕ СИЛИ И СКЛУЧУВАМЕ СОЈУЗ СО НАЈВИСОК СТЕПЕН НА СПЛОТЕНОСТ.
Недела 9ти Снежник 2018 лето Господово, на ден Св. Ѓорѓија во манастирот под покровителство на пресвета Богородица, општина Петровец, ни беше угодно нам и на Бог да поставиме темел на обединетите македонски христијанско братски тврдокорни сили. Радувајќи се едни со други во чин исполнет со гордост, со инспиративни говори беше поставен неразрушлив темел на здружен братски родољубен сојуз.
Православните поуки на братска љубов, но и здравиот разум не упатуваат на здружување во соочувањето со бројните напади за поништување на македонската нација. Ние македонските мажи од трите родољубни организации исклучуваме секаква можност за било каква Македонија освен МАКЕДОНИЈА на МАКЕДОНЦИТЕ.
Од петни жили ќе ги вложиме своите сили и со Божја помош овде во Македонија ќе го забодеме копјето во силите на змевот. Глобализмот, фашизмот на балканските соседи и нивните домашни предавнички слуги. Сили насочени против македонската државност и општото човечко добро.
И не само ние туку секој македонски родољуб не само што не смее да стои и да гледа како безобѕирно политички, стопански, култоролошки се уништува македонскиот народ туку е должен дејвствително да го даде својот придонес. Ако придобивките на праведното општество се од општа корист тогаш заеднички се и должностите за неговото остварување. Затоа врз основа на 5те начела на здружувањето:
1. МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА
2. ЗАЧУВУВАЊЕ НА ИМЕТО И САМОБИТНОСТА, 3. ВОНПАРТИСКО РОДОЉУБНО ДЕЈСТВУВАЊЕ, 4. СОБОРНОСТ – РАМНОПРАВНОСТ и 5. ЗАЕДНИЧКА ЗАШТИТА.
П О В И К У В А М Е
– Ги повикуваме сите македонски патриотски здруженија од сличен карактер да се приклучат на братскиот македонски сојуз.
– Го повикуваме сиот народ, секој возрасен поединец, да го даде должниот придонес во борбата за ослободување на Македонија од западната колонијална предавничко-учковска окупација.
– Ги повикуваме предавничките политичари и одродената самонаречена елита да ја почитуваат волјата на македонскиот народ и што побрзо да престанат со антимакедонските дејства. Затоа што блиску е денот кога македонскиот народ ќе ве изблуе од себе си.
Ја предупредуваме предавничко-учковската окупациска власт да не се осмели да превзема противправни постапки против нашиот сојуз, нашите организации или некој наш член.
Ги предупредуваме поединците кои се во контаминираните безбедносни, инспекциски или судски служби да се држат до правдата и законот бидејќи нема да дозволиме поигрувања со нас.
ЖИВА Е МАКЕДОНИЈА!
ЖИВИ СЕ МАКЕДОНЦИТЕ!
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!
Братски Родољубен Сојуз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.