Се формира циклонот Бојана, подгответе се за студ, ветер и снег!

Во текот на следните часови ќе започне да се формира најавениот циклон Бојана, облачноста над Македонија ќе започне да се зголемува уште од попладнево па така најпрвин во западните предели ќе започнат врнежите од снег кој во текот на претстојната ноќ ќе се прошират насекаде и поинтензивни ќе бидат во западните и во јужните предели, информира метеорологот Славчо Попоски.
Речиси насекаде ќе се формира снежна покривка, а сето ова ќе биде проследено и со засилен северен ветер кој ќе услови појава на снежни наноси.
Насекаде ќе се формира снежна покривка, најголема ќе биде во западните и во јужните предели каде низ градовите ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри, понекаде и повеќе додека на планинските места истата ќе се зголеми за околу 30-тина сантиметри, на другите места снежната покривка ќе биде помала. Врнежите од снег ќе продолжат и утре а повремено на некои места северниот ветер ќе биде СИЛЕН и ќе достигнува брзина до околу 80 км/час.
Поради многу ниските температури ќе има појава на голомразица и на возачите им се препорачува да бидат многу внимателни.
Максималните температури утре нагло ќе опаднат и ќе се движат во интервалот од -5 до 2. Уште постудено ќе биде во петок со максимални температури од -7 до 0 степени. Наутро понекаде истите ќе се спуштат дури до околу -15 степени, а на планинските места и под -20 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.