Се формира Инспекторат за Законот за јазиците

На владина седница одржана на 19 февруари била донесена одлука Министерството за правда да формира нова институција – Инспекторат кој ќе се грижи за надзор и казнување на субјектите кои нема да го почитуваат законот за јазиците, објави “Експрес“.мк.
Според Законот за јазиците, ако албанскиот јазик не се користи на цела територија на земјата предвидени се високи парични казни за неспроведување на Законот, но засега со оглед на непрецизностите во него граѓаните и фирмите се збунети како точно законот ќе се спроведува.
За соодветна употреба на македонскиот јазик Владата никогаш не формирала вакво или слично тело.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.