„Се чека и до три часа на граница“ – се жалат граѓани

Колони возила има попладнево на граничните премини Еврзони и Богородица, додека голем број македонски граѓани се враќаат од продолжениот празничен викенд кој го поминаа на туристичките места во Грција.

Според информациите од АМСМ, за влез во земјава на Богородица се чека повеќе од еден час.

Граѓани пак, сведочат дека на грчка страна за влез во Македонија се чека и до три часа.

„Колони има до патарина“, се жалат македонските туристи.

Гужви има и на велешката патарина, а колона возила стои во место и на влезот на Гостивар од „Стража“.

Според последните информации, на Табановце времето за чекање веќе е намалено откако претходно денес и таму беше забележано зголемено движење.

Пронајдете не на следниве мрежи: