Се што ви треба се остатоци од ПИРЕ ОД КОМПИРИ: Највкусните ИРСКИ ЌОФТИЊА од 3 состојки!

Ако ви останало пире, направете ги овие ирски ќофтиња кои се ефтини, брзи, економични и ќе бидат вкусен додаток на секое јадење.
Состојки:
2 чаши пире од компири
1 чаша брашно
3 лажици стопен путер или маснотии
додатоци по избор
Подготовка:
Сварете ги компирите и испасирајте ги, па додадете сол и путер. Додадете онолку брашно колку што ви треба за да добиете тесто кое ќе биде компактно, но внимавајте да не е суво.
Расукајте го тестото на набрашнета површина и направете кругови дебели околу 1,5 см. Прободете ги дупките со вилушка и пржете го ова вкусно јадење во тава додека не порумени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.