По бурниот развод со Кристин Баумгартнер, Кевин Костнер наводно флертувал со холивудската дива Шерон Стоун. И не завршува тука…Според магазинот „In Touch“, Кевин Костнер бил интимен со Шерон Стоун за време на церемонијата на доделување на наградите „Governors“ во Холивуд .„Летаа искри и веќе си размениле телефонски броеви“, открил тогаш анонимен извор за споменатиот магазин. Тој исто така додал дека Шерон за време на разводот му била голем поддржувач на славниот актер.“Дефинитивно изгледаше како да се ‘удираат’ еден во друг. Се започна со љубезен разговор, а потоа Кевин го облече својот убиствен шарм. Таа беше многу слатка и добро се справуваше со вниманието. Во еден момент му намигна”, додаден извор.По тој повод зборуваше и Шерон Стоун.„Го познавам Кевин Костнер веројатно 30 години и мислам дека ако не сме се забавувале досега, веројатно никогаш нема да се забавуваме“, изјави таа неодамна за „Екстра ТВ“. View this post on Instagram A post shared by ExtraTV (@extratv)Се разведе по 18 години бракАктерот Кевин Костнер и неговата 19 години помлада сопруга Кристин Баумгартнер се разведоа по 18 години брак. Како што тогаш пишуваше „The Sun“, актерот бил изненаден од документите за развод што му ги врачила сопругата, бидејќи тој сакал да го направи тоа прв.
Пронајдете не на следниве мрежи: