СЗО: Долгото работно време ги убива луѓето

Според Светската здравствена организација (СЗО), долгото работно време убива стотици илјади луѓе годишно! Првата глобална студија од ваков вид покажа дека 745.000 луѓе починале во 2016 година од мозочен удар и срцеви заболувања поради долго работно време.
Извештајот открива дека луѓето кои живеат во Југоисточна Азија и Западен Пацифик се најпогодени. СЗО исто така вели дека овој тренд може да се влоши со пандемијтаа на коронавирус.
Истражувањата покажаа дека работата од 55 часа неделно, или повеќе, е поврзана со 35% поголем ризик од мозочен удар и 17% поголем ризик од смрт од срцеви заболувања во споредба со работната недела од 35 до 40 часа.
Истражувањето спроведено со Меѓународната организација на трудот (МОТ), исто така откри дека скоро три четвртини од оние кои починале од долго работно време биле средовечни или постари мажи.


Смртта често се случувала многу подоцна во животот, понекогаш децении подоцна по долга работа.
Иако истражувањето не го опфатило периодот на пандемијата, официјалните лица на СЗО велат дека зголемувањето на работата од далеќина и економското забавување може да ги зголемат ризиците поврзани со долгото работно време.
„Имаме некои докази што покажуваат дека кога земјите влегуваат во национална блокада, бројот на работни часови се зголемува за околу 10%“, вели техничкиот службеник на СЗО, Френк Пега, пишува BBC.
Во извештајот се наведува дека долгото работно време е одговорно за приближно третина од сите болести поврзани со работата, што го прави најголем товар на професионалните болести.
СЗО вели дека работодавците сега мора ова да го земат предвид при проценка на здравствените ризици на нивните работници на работа. Според Пега, ограничувањето на часовите би било корисно за работодавците, бидејќи се покажало дека тие ја зголемуваат продуктивноста.
„Навистина е паметен избор да не се зголемува работното време во економска криза“, вели Пега.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.