Нема докази дека коронавирусот се сменил, ниту кога станува збор за формата на пренесување, ниту кога е во прашање сериозноста на болеста што ја предизвикува, предупреди денеска епидемиолог на Светската здравствена организација Марија Ван Кирков.
– Во однос на пренесувањето, нема промена, во смисла на тежина на болеста, нема промена, рече Кирков на прес-конференција.
Таа истакна дека е важно мерките за намалување и сузбивање на трансмисијата на вирусот да останат во сила.