СЗО одобри уште една вакцина за итна употреба

Светската здравствена организација (СЗО) одобри две верзии од вакцината на Oxford-AstraZeneca против COVID-19 за итна употреба. Вакцините ќе бидат достапни преку КОВАКС програмата.
Сите произведувачи на вакцини мора да ги зголемат производните капацитети и кандидатите за вакцини што порано да ги поднесат за одобрување од СЗО, нагласија од Организацијата.
Вакцината на AstraZeneca се препорачува на сите постари од 18 години. Вакцината има лесни услови за складирање, а со ефикасност од 63,09% ќе биде „погодна за земји со ниски и средни приходи“, сметаат од СЗО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.