СЗО: Рекорден дневен скок на бројот на новозаразени од коронавирус во светот

Светската здравствена организација соопшти дека во последните 24 часа во светот се регистрирани нови 212.326 случаи на коронавирус, што е рекордно дневно зголемување на бројот на нови случаи.
Најголем дневен скок, според бројот на заразени лица, имаат САД, Бразил и Индија, пренесуваат британските медиуми.
Претходниот рекорд, според бројот на инфицирани на дневна основа – 189.077, беше регистриран на 28 јуни.
Секој ден од Ковид-19 во светот умираат околу 5.000 лица.
Повеќе од 11 милиони лица ширум светот се заразени од вирусот од почетокот на епидемијата, а повеќе од половина милион веќе умреа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.