Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус предупреди дека рестриктивните мерки не треба да се ублажуваат прерано и посочи дека тоа е „рецепт за катастрофа“, пренесе Тасс.
Тедрос Адханом Гебрејесус на брифингот во Женева рекол дека доколку земјите се сериозни во поглед на ублажувањето на мерките, тогаш мораат да бидат сериозни и во поглед на сузбивањето на ширењето на заразата и чувањето на животните на луѓето.
Тој посочи дека постигнувањето на оваа рамнотежа може да изгледа невозможно, но не е така.
Исто така додаде дека што повеќе контрола земјите имаат над вирусот повеќе можат да ги ублажуваат рестрикциите и предупредил дека попуштањето на мерките без контрола над заразата е „рецепт за катастрофа“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



