СЗО: Рецептот за катастрофа е прерано ублажување на мерките!

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус предупреди дека рестриктивните мерки не треба да се ублажуваат прерано и  посочи дека тоа е „рецепт за катастрофа“, пренесе Тасс.

Тедрос Адханом Гебрејесус на брифингот во Женева рекол дека доколку земјите се сериозни во поглед на ублажувањето на мерките, тогаш мораат да бидат сериозни и во поглед на сузбивањето на ширењето на заразата и чувањето на животните на луѓето.

Тој посочи дека постигнувањето на оваа рамнотежа може да изгледа невозможно, но не е така.

Исто така додаде дека што повеќе контрола земјите имаат над вирусот повеќе можат да ги ублажуваат рестрикциите и предупредил дека попуштањето на мерките без контрола над заразата е „рецепт за катастрофа“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.