СЗО: Терапијата со плазма е експериментална, потребни се повеќе докази

Сумја Сваминатан од СЗО изјави дека конвалесцентната плазма се користела како терапија за бројни заразни болести во текот на минатиот век, со различен степен на успех.

СЗО сè уште смета дека конвалесцентниот третман на плазма е експериментален, посочи Сваминанат, додавајќи дека треба да продолжи да се следи и оценува. 

Покрај тоа, терапијата со плазма е тешко да се стандардизира, со оглед на тоа што луѓето произведуваат различни нивоа на антитела и дека плазмата мора да се собира индивидуално од обновени пациенти, забележа Сваминанат.

Сваминанат истакна дека државата може да користи ваков вид на терапија за третман на вонредни состојби, доколку веруваат дека придобивките ги надминуваат ризиците, но дека тоа „обично се прави кога има повеќе конкретни докази“.

СЗО забележува дека конвалесцентната терапија со плазма има голем број на несакани ефекти, од блага треска и температура до многу сериозни проблеми со белите дробови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.