Светската здравствена организација (СЗО) тестира пет лекови за коронавирусот, изјави портпаролот Тарик Јашаревиќ во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).
-Уште во февруари собравме повеќе од 400 водечки светски научници за да утврдиме не само тоа што не се знае за вирусот, туку истовремено да се работи на наоѓање решенија, како што се вакцините и лековите, рече тој.
Тој прецизираше дека клиничките испитувања ќе бидат направени во повеќе од една земја и ќе се направат напори да се забрза работата што е можно повеќе.
Прочитајте и ова на иста тема: