Како воопшто е возможно сите наши добри намери да пропаѓаат во вода? Сите сакаме да бидеме фокусирани и продуктивни, редовно да вежбаме и да јадеме здрава храна, да не пушиме и пиеме, но едноставно не можеме.
Одговорот лежи во нешто екстремно едноставно, но многумина не сме ни свесни за тоа. Едноставно не знаеме да се справиме со стресот и досадата на здрав начин, па затоа создаваме лоши навики.
Во овој тип лоши и нездрави навики спаѓаат:
пушење цигари
интернет-зависност
јадење брза храна
пиење алкохол
постојано покажување гнев и лутина
целодневно гледање телевизија и играње видеоигри
шопинг со кредитна картичка (длабоко влегување во долг)
неактивност како техника за одбегнување стрес
грицкање нокти, џвакање коса