Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони денеска ќе биде отпуштен од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат италијанските медиуми.
Лидерот на партијата Форца Италија беше хоспитализиран на 5. април и ќе го напушти болничкото одделение по 44 дена хоспитализација, пишуваат тамошните медиуми.
86-годишниот Силвио Берлускони беше во болница поради воспаление на белите дробови, а при хоспитализацијата докторите открија дека боледува од хронична леукемија.
Пронајдете не на следниве мрежи: