Силен земјотрес во близина на Нов Зеланд

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јужниот дел на Тихиот Океан во близина на Нов Зеланд. Како што соопшти Американскиот геолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на 1.133 километри североисточно од градот Вангареј, кој има околу 51.000 жители. Земјотресот бил на длабочина од 82 километри.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.