Силен земјотрес во Бразил

Земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер го погоди западниот дел на Бразил во близина на границата со Перу. За сега нема информации за евентуална причинета штета или повредени. Како што јави АП, земјотресот е почувствуван и во Амазонија.
Американскиот геолошки институт објави дека епицентарот на земјотресот бил на околу 90 километри западно од Тараука, на длабочина од дури 575 километри поради што не би требало да се очекува поголема материјална штета.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: