Силен земјотрес во Грција: Се тресеше тлото и во Атина

Земјотрес со јачина од 4,2 степени го стресе Коринт во Грција денес и се почувствува во Атина, соопшти атинскиот геодинамички институт.

 Епицентарот бил на 27 километри југозападно од Теба и 50 километри северозападно од Атина, пренесува АНА.

Земјотресот се случил во шест часот по локално време, а засега нема податоци за жртвите или можна материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: