Силен земјотрес во Романија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 18 часот и 57 минути. во Романија, источно од Брашов.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 45,7136 и географска должина 26,7131.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 140 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните органи ја следат состојбата.

Пронајдете не на следниве мрежи: