Силен земјотрес во Романија!

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 22 километри од Лопатара и 63 километри од градот Бузау во покраината Влашка, на длабочина од 125 километри.

Земјотресот беше почувствуван во Романија, Молдавија и Украина. Се уште нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: