Силен земјотрес го погоди Пакистан, 19 загинати и над 300 повредени

Најмалку 19 лица загинале, а повеќе од 300 се повредени во силен земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтеровата скала кој денес го погоди Пакистан.
“Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени“, рече Сардар Галфараз, заменик генерален инспектор на Мирпур, град во пакистанскиот дел на Кашмир, во близина на епицентарот на земјотресот.
Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри северно од градот Џелум во Пакистан, на релативно мала  длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
“Најголема штета е направена во областите меѓу Џелум и Мирпур“, рече шефот за природни непогоди на Пакистан, генерал-полковник Мухамед Афзал.
Силниот земјотрес предизвика вознемиреност и паника кај жителите кои ги напуштија своите домови и работните места.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK