Силен земјотрес и во Чиле

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер го погоди вчера јужниот дел на Чиле. Според Американскиот геолошки центар , епицентарот на земјотресот бил во градот Ентре Лагос, на околу 980 километри јужно од главниот град Сантијаго. Земјотресот бил на длабочина од 12,9 километри.
Локалните власти јавуваат дека не била пријавена голема штета , ниту дека има повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.