Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер денеска ја погоди Индонезија, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Земјотресот се случил во 8:46 часот по локално време.
Според првичните информации на локалните власти во земјотресот загинале повеќе лица. Епицентарот на земјотресот е на 37 километри североисточно од градот Амбон во провинцијата Малуку, на длабочина од 29 километри. Потресот оштетил неколку згради, а во градот Амбон е оштетена зградата на Универзитетот, како и мостот пренесе АП.
Претставник на локалната власт за медиумите изјавил дека при потресот и уривањето на зградата на Исламскиот универзитет загинала професорка.
Пронајдете не на следниве мрежи: