Силен земјотрес ја погоди Америка! Луѓето се плашат од будење на супервулкан во Националниот парк Јелоустоун! Се стресе тлото во неколку американски држави!

Централните делови на САД ги погоди земјотрес што се почувствува во неколку американски држави.  Националниот парк Јелоустоун го потресе земјотрес, предизвикувајќи стравувања дека супервулкан во националниот парк би можел повторно да се разбуди.Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS) откри земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала во вторникот во 20 часот по средноевропско време во близина на басенот Норис Гејзер, за кој се верува дека е дел од вулканот Јелоустоун. Сеизмичка активност беше почувствувана во делови од Ајдахо, Монтана и западен Вајоминг. УСГС објави три последователни потреси со јачина од 1,0 до 3,7 степени за неколку часа од првиот земјотрес.
Yellowstone National Park earthquake shakes hottest and oldest geothermal area https://t.co/aWx7L1Dzex— Genevieve Klien (@JadeFlower35) January 29, 2025
Јелоустоун е дом на супервулкан кој последен пат еруптирал пред 70.000 години.– Земјотресот е типичен за регионот Јелоустоун и не е знак за значителни опасности – објави USGS.Басенот Норис гејзер се наоѓа на пресекот на две раседи кои се протегаат една до друга, што ги објаснува честите земјотреси.Најголемиот земјотрес што ја погодил областа бил во 1975 година со јачина од 6 степени, но USGS објави дека има мала штета, нема повредени и нема вулканска ерупција.
A 3.9 magnitude earthquake was recorded near Norris Geyser Basin in Yellowstone National Park on Tuesday night.https://t.co/bBA5ZwgGO9— NBC Montana (@NBCMontana) January 29, 2025
Националниот парк Јелоустоун се наоѓа во северозападниот дел на Вајоминг и е дом на гејзери, отвори за пареа и базени со врела вода. На повеќе од 5.500 квадратни километри, паркот е поголем од државите Род Ајленд и Делавер заедно.Поголемиот дел од паркот е во Вајоминг, но делови од паркот се наоѓаат во Монтана и Ајдахо.  Норис гејзерскиот басен се наоѓа во северозападниот дел на Вајоминг. Десетици луѓе испратија извештаи за потреси до USGS по земјотресот во средата рано наутро.
🚨 BREAKING: A small M3.8 earthquake struck Yellowstone National Park yesterday evening, but its location makes it significant. pic.twitter.com/vk3mdF2v65— Patriot United News And Entertainment (@patriotunitedne) January 29, 2025
Научниците кои го истражуваат супервулканот Јелоустоун, овој месец открија движење длабоко во кратерот, предизвикувајќи стравувања дека заспаниот џин може да еруптира.
A magnitude 3.9 earthquake occurred yesterday evening about 15 miles south southwest of Mammoth, WY. This is located within the Yellowstone National Park area. pic.twitter.com/0WBuAmeuW1— Ashley Morgan (@Ashley_MorganWx) January 29, 2025
Вулканот, кој се наоѓа под Националниот парк Јелоустоун во Вајоминг, е способен да произведе разорна ерупција со јачина од 8 степени.Истражувачите кои го анализираа кратерот или калдерата на супервулканот, открија дека магмата внатре се движи кон североисток, поместувајќи ја концентрацијата на вулканска активност со неа.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.