Земјотрес со јачина од од 4,3 степени по Рихтер утрово во 09:05 часот го погоди подрачјето помеѓу Сребреник и Тузла во Босна и Херцеговина. Според пишувањата на некои медиуми потресот се почувствувал и на повисоките катови во зградите во Белград. За сега нема податоци за состојбата на терен.
Потресот бил на длабочина од два километра, а жителите на Тузла јавуваат дека зградите се треселе 5-10 секунди. Тлото се тресело и во околните градови од Сребреник преку Грачаница па се до Брчко. Потресот бил проследен со необичен громогласен татнеж, а тресењето на тлото било долго и силно.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.