Албанија ја потресе земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил во близина на Елбасан. Земјотресот е регистриран синоќа во 1 часот и 25 минути на длабочина од 20 километри.
– Според првите информации, никој не е повреден, ниту е пријавена материјална штета – соопшти надлежното Министерство.
Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 11 земјотреси со јачина од 2 до 4,5 степени според Рихтеровата скала.
Пронајдете не на следниве мрежи: