Силна како карпа, но со срце од свила – понекогаш и силната жена има право да се скрши!

Силната жена не е само цврсто тело, тело од челик. Во неа се крие скршено срце, солзи кои многу често се лизгале по нејзините образи. И без оглед на времето кое ги лечи нејзините рани, тие под притисок на болката понекогаш повторно се отвораат.
Силната жена преживеала толку години верно носејќи го својот товар на рамената, без никој до неа, покрај неа, со неа, без да има кој да и ги избрише солзите.
Но, тоа нека не ве лаже. Тоа не ја прави послаба, напротив, токму спротивното. Од ден на ден, таа се крева и продолжува подготвено да го носи својот товар и сите свои грижи. Таа не се плаши од солзите. Таа дозволува да и течат по образите, познати само на неа, солзи кои и служат како потсетник за нејзиниот животен пат.


Таа не ја игра улогата на жртва. Не и дозволува на тагата да ја опседне. Таа преживува. Без оглед на товарот кој ја притиска, на тагата која ја јаде одвнатре, таа пронаоѓа начини и преживува. Секој пат.
Силната жена не дозволува тагата предолго да ја држи во своите раце. А кога е свесна дека и е потребна помош, дури и најсилната жена бара помош. Не се крие беспомошно позади своите ѕидови, не го избегнува животот и неговите предизвици. Силната жена нема потреба да глуми. Таа не глуми дека и е добро, кога тоа очигледно не е така. Таа бара помош кога и е тешко. Дури и кога би сакала, таа знае дека не може се да поднесе сама. И знае дека тоа е сосема во ред. Понекогаш е океј да не се биде океј.
Силните жени си дозволуваат себеси да се скршат под товарот на тагата која ја носат во своето срце. Си дозволуваат себеси да паднат, да се изгребат, да плачат, затоа што тие знаат дека не можат и не мораат да ги носат сите грижи на овој свет. Тие знаат дека ослободувањето значи ново примање. Затоа и свесно се ослободуваат од сите свои товари и тешкотии.
Силните жени бараат помош и не чекаат последен момент за тоа. По исплаканите ноќи, не ставаат нови слоеви шминка само за да ја скријат својата болка. Тие дозволуваат нивната вистинска убавина да сјае низ нивните солзи, без оглед на тоа како изгледаат во моментот. Тие знаат дека не можат да побегнат од себе.
Силните жени знаат дека е потребно многу сила за болка и страдање, како и храброст човек да се скрши кога ќе стане тешко. Затоа тие секогаш бараат некој кој ќе ги води и бараат помош. Кога ќе ги залечат тие рани, стануваат уште посилни. Ги тргаат завоите од сите свои рани и продолжуваат.
Продолжуваат да се смејат и покрај тагата. Продолжуваат да веруваат во себе, веруваат дека ќе преживеат се. Без оглед на светот, проблемите, страдањето. Тие знаат дека ќе преживеат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.