Силниот ветар го замени дожд, невремето зема замав

Синоќа жителите на Скопје беа вознемирени до силниот ветер кој корнеше дрвја, билборди, рушеше покриви. Сега силниот ветар го менува дожд, кој почна интензивно да врне во некои делови на градот, а наскоро се очекува на целата територија на градот.
Со ова се исполнува прогнозата на Управата на хидрометеоролошкиот завод која гласеше дека од вечерва временските прилики ќе се променат и дека ќе има и врнежи од дожд, кои во втората половина од ноќта ќе преминуваат во снег.


Силно невреме владее и во Унгарија, Србија и Босна и Херцеговина. Пожарникарските служби во овие земји примиле стотина повици на граѓани кои пријавиле штета причинета од бурата. Засега нема информации за повредени лица.
Во главниот град на Унгарија е издадено предупредување од втор степен поради силните ветрови, а во Црна Гора издаден е црвен метеоаларм.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.