Силниот маж нема никаква врска со големи мускули. Силниот маж има голема душа, уште поголемо срце и моќна самодоверба.
Силен е затоа што може да ме крене кога ќе паднам, затоа што неговата прегратка е местото каде се чувствувам најсигурна. Неговата сила се внимателноста, нежноста и емпатијата. Со примери ме научи што е љубов. Што значи да примиш и да дадеш љубов.
Го прошири моето срце додека не сфатив дека тоа е многу поголемо отколку што сум самата јас. Ме научи што значи да живеам во моментот. Ти ми даде сила. Ме научи како да продолжам и во најтешките периоди. Mи кажа дека е во ред да паднам на колена и дека откажувањето и повлекувањето не мора да ми бидат единствени опции кога пред мене се тешки времиња. Ме научи дека внимателноста и нежноста не се слабости, туку голема сила.
Ме научи што значи компромис, но истовремено и што значи да се држам до своите принципи кога ми се важни.
Ти ми покажа што значи да се изгради среќен дом, прекрасно семејство и исполнета врска.
Ме научи многу работи….
А, покрај таков маж, јас ќе можам сè.