Доколку редовно страдате од главоболки или мигрени, можеби веќе сте свесни за некои нивни предизвикувачи, како што се стресот, одреден тип храна, неквалитетниот сон, климатските промени и слично. Постојат бројни причини коишто може да предизвикаат болка и пулсирање кај слепоочниците, а во тие мигови вие очајно почнувате да одите во потрага по Аналгин, Кафетин или Ибупрофен. Голем број луѓе, имаат тенденција да страдаат од лоши главоболки наесен, но добрата вест е дека ова не е толку случаен или необјаснив феномен.
Силните есенски главоболки се честа појава и еве што можете да преземете околу тоа
Според д-р Винсент Мартин, директор на Центарот за главоболка и фацијална болка во Институтот за неврологија на Универзитетот Синсинати, промената на годишните времиња може да влијае врз разни еколошки фактори, кои од своја страна можат да предизвикаат главоболки. Што е уште поважно, треба да знаете дека вие можете да се пазите од ваквите предизвикувачи и да ги спречите чудовиштните мигрени. Погледнете кои фактори според д-р Мартин можат да предизвикаат есенски болки и запомнете дека не сте сами и сте доволно силни за да се справите и да излезете на крај со болката.
1. Алергените се во воздухот, а тие не се добри за вашата глава
Веројатно најчестата причина за појавата на главоболки и мигрени се алергените, а во есента има многу мувла и амброзија. Воедно, во вашето тело веројатно ќе се покачи нивото на невротрансмитерот хистамин, чијашто цел е да се бори против алергените со коишто доаѓате во контакт, што од своја страна може да предизвика болка во главата, поради настанувањето на инфламација во вашите синуси.
Кое е најдоброто решение за овој проблем?
Д-р Мартин препорачува да користите HEPA филтер за воздух којшто има голема ефикасност во филтрирање на суспендираните атмосферски честички, како и антиалергенски навлаки за душек и перница, сè со цел да го направите вашиот дом пријателски настроен кон мигрените. Не заборавајте и да ги користите медикаментите против алергија коишто ви се препишани од вашиот доктор, за да го намалите воспалувањето во синусите.
Силните есенски главоболки се честа појава и еве што можете да преземете околу тоа
2. Скратувањето на дневната светлина може да ви прави проблеми
Дали сметате дека вашата главоболка се случува како резултат на чувствителноста на вашите очи на промените на дневната светлина? Д-р Мартин вели дека главоболките може да бидат честа појава во есенскиот период од годината, бидејќи оваа сезона ја пречекуваме со помалку дневна светлина, а тоа најчесто го менува распоредот на спиење кај луѓето. Одржувањето ист распоред на спиење и станување на секојдневно ниво, е од основна важност за сите страдатели од мигрени и главоболки, бидејќи веројатноста за доаѓање на нов напад од болка значително се зголемува ако хигиената на сонот е нарушена.
Кое е најдоброто решение за овој проблем?
Тоа значи дека колку и да е густ вашиот распоред, доколку знаете дека сте склони кон главоболки или мигрени, направете си себеси услуга и осигурете се дека секоја вечер си легнувате во разумно време, коешто не се менува. Излегувањето до раните утрински часови дефинитивно не вреди, во споредба со болката којашто ќе ја чувствувате наредното утро.
3. Разните промени во климата може да предизвикаат болка
Климатските промени се честа причина за појава на главоболки и мигрени, а самото заладување во есенските денови, е еден од главните предизвикувачи, објаснува д-р Мартин. За жал, тој додава дека не му е баш 100% јасно, зошто точно ова се случува кај голем број луѓе. Сепак постојат разни истражувања, коишто биле спроведени за да се открие поврзаноста меѓу овие две работи. Научниците сметаат дека разните фактори како што се атмосферскиот притисок, влагата и промените во температурата, можат да бидат предизвикувачи.
Силните есенски главоболки се честа појава и еве што можете да преземете околу тоа
Резиме: Бидејќи сите овие фактори имаат тенденција да се случуваат истовремено, многу е тешко да се истакне кој од нив е главниот виновник. Тоа значи дека најважно е да ги преземете сите потребни мерки и добро да се информирате за превентивните мерки коишто можете да ги преземете, за да се заштитите од главоболки. Филтри за воздух, лекарства препишани од вашиот доктор, како и соодветна хидратација на секојдневно ниво, ќе го одржи вашето здравје на добро ниво.