Шест патници и шест членови на екипажот се повредени поради турбуленции на летот од Доха, Катар до Даблин, Ирска.„Летот QR107 на Катар ервејс од Доха безбедно слета како што беше планирано на аеродромот во Даблин“, се вели во соопштението на управата на аеродромот во Даблин.Сепак, познато е дека шест патници и шест членови на екипажот пријавиле повредени откако авионот доживеал турбуленции додека летал над Турција, пишува skynews.Како што е соопштено, по слетувањето, авионот го пречекале службите за итни случаи, вклучително и аеродромската полиција и противпожарната служба.„Тимот на аеродромот во Даблин продолжува да им дава целосна помош на теренот на патниците и персоналот на авиокомпанијата“, се вели во соопштението.Инаку, веста доаѓа откако еден патник загина, а десетици се повредени откако авион на Сингапур Ерлајнс доживеа големи турбуленции.Летот од Лондон до Сингапур наиде на толку силни турбуленции што беше принуден принудно да слета во Тајланд.
Пронајдете не на следниве мрежи: