Силно невреме вчера попладнето го погоди Прилеп, објави „Маркукуле“. Невремето било проследено со силен дожд и страшни грмотевици, додека наместа паѓало и град. Невремето траело 15-тина минути и предизвикало поплави низ целиот град.
Булеварите и улиците биле под вода, а најголеми проблеми имале граѓаните од населбата Тризла, каде како што информира „Маркукуле“ водата им влегла и во домовите.