Силно невреме попладнево го зафати Скопје по пеколниот портокалов бран. Од невремето се сруши дрво до детската градинка во Автокоманда.
– По пријава од невремето што попладнево го зафати Скопје, и паднатото дрво до детската градинка во Автокоманда, екипите на ЈКП ,,Гази Баба,, го остранија истото, улицата е проодна за пешаците и сообраќајот, напиша градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски на социјалните мрежи.