Силно невреме – молњи во Хрватска, кога доаѓа дождот и кај нас?

Силно невреме ги погоди Хрватска и Босна и Херцеговина.

Како што јавуваат медиумите од регионот, во Сисак се поплавени куќи и улици, а во Сараево паѓал град со силно невреме.

Молњи и грмотевици особено имало во областа на Горски Котар во Хрватска, а како што наведуваат медиумите за многу кратко време само во централниот дел на земјата имало илјада молњи.

Најпогоден е Сисак каде вечерва се поплавени сообраќајниците и голем број објекти.

Силниот ветар корнеше дрвја во градот и околината, поради што градот остана без електрична енергија, погледнете.
Инаку облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи.

Поинтензивни врнежи ќе има во западна Македонија. Ќе дува засилен југоисточен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поизразена нестабилност се очекува в сабота.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.