Силно невреме ја зафати Преспа: Во автокампот “Крани“ дрвја паѓале врз приколки 

Силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер го зафати Преспанскиот регион, информираат од Центарот за управување со кризи. Погодени се селото и автокампот Крани, како и Претор и Наколец, додаваат од таму.
-Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите и нема повредени- се наведува во соопштението.

Од невремето се зафатени и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетени куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот селски пат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.