Силно невреме ја погоди Србија- поплавени куќи, оштетена инфраструктура

Силен дожд денеска паѓаше во Србија, во населените места Младеновац, Лјиг, Аранѓеловац, каде што

е воведена вонредна состојба, јавуваат Танјуг и РТС.
Силно невреме следено со грмотевици, силен ветер и град околу полноќ ја зафати општината Аранѓеловац во која е воведена вонредна состојба.
Најмногу настрадал центарот на Аранѓеловац, бидејќи потоците и реката Кубршница поплави станбени и деловни објекти, а штетени се сообраќајници. Калта носела и патнички автомобили.

Од удар на грој во Букулја оштетени се антенските столбови, а во селото Колјар рошло до голем одрон. Поради големата количина вода наредните денови би можело да се случи ново свлечиште.
Комуналните екипи се на терен, ја проценуваат штетата и им помагаат на мештаните.

-Не беше толку силен дождот, но попушти браната во Горашим која ни направи голем проблем, не само во Качерскиот крај, туку и на целата територија на општината Лјиг и ние сме сега на терен со пожарникарите и со нашите стручни служби, изјави претседателот на општината Драган Лазаревиќ за Гласот на западна Србија.
Додава дека во моментот најкритична е ситуацијата во Месната заедница Козелј, каде е невозможно да се стигне.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.