Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага против едно лице за силување на дете кое не наполнило 15 години и за прикажување на порнографски материјал.
– Осомничениот, во временскиот период од 2023 година до 27.04.2026 година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во 2012 година и го злоупотребувал за да сними фотографии и видеа со порнографска содржина. На детето му се заканувал дека доколку каже некому, снимените материјали ќе ги покаже на други лица, информира Јавното обвинителство.
За осомниченото лице се бара притвор поради ризик од бегство, можност да влијае врз сведоците и особено врз малолетната жртва, како и ризикот да го повтори делото.
The post Силувал малолетничка и се заканувал, Обвинителството бара притвор appeared first on Provereno.



