среда, 18 ноември 2026
Најново

Силјановска му ја честиташе независноста на Косово: Како пријателски земји, негуваме добрососедски односи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, синоќа присуствуваше на приемот што го организираше Амбасадата на Косово во Скопјe по повод 18-годишнината од независноста на Република Косово.

Силјановска, во објава на Фејсбук, го прослави Денот на независноста на Косово, велејќи дека како пријателски земји, тие негуваат добрососедски односи.

„Честитки по повод 18-годишнината од прогласувањето на независноста на Република Косово, со желби за стабилност и просперитет. Како пријателски земји, негуваме добрососедски односи и работиме кон реализација на заедничката визија за европска интеграција на регионот. Се надевам дека ќе го продлабочиме и зајакнеме партнерството во интерес на граѓаните на двете земји“, напиша претседателката Силјановска.

Поврзани вести