Силјановска: Учеството во НАТО е и инвестиција во Армијата, го чува територијалниот интегритет и независноста на државата

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска Давкова, на свеченоста по повод 5-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје, истакна дека нашето учество во Алијансата е и инвестиција во Армијата, која го зачувува територијалниот интегритет и независноста на државата.Таа истакна дека како држава мора да инвестираме во одбраната и безбедноста на Македонија и дека ќе продолжиме да придонесуваме за мир преку учество во мировните мисии на НАТО и Обединетите нации.Силјановска Давкова додаде дека ќе ги почитуваме стандардите на НАТО и заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија.Претседателката потсети дека петгодишнината се одбележува под сенката на трагедијата во Кочани, која ја потсети на важноста од безбедноста на граѓаните. Таа ја нагласи и хуманоста и солидарноста на земјите и народите од регионот и пошироко, вклучително и помошта од НАТО. 

Пронајдете не на следниве мрежи: