Силјан Мицевски: му давав на рака пари на Груевски

Силјан Мицевски: му давав на рака пари на Груевски

Обвинителството побара пред судот да сведочи битолскиот бизнисмен Сиљан Мицевски, за случајот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски, беше споменуван во медиумите и за случајот „Меѓународен сојуз“, каде првообвинет е Бојан Јовановски, во судницата изјави дека му дал десет илјади евра на рака на поранешниот претседател на партијата Никола Груевски. И кажа дека исто така не по негова волја, финансирал и спортски клубови, односно дека му било кажано да донира илјадници евра на КК МЗТ-Скопје.

Во случајот Талир обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања” и „перење пари”, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари”.

За ова дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и партијата ВМРО-ДПМНЕ, чиј што имот е замрзнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.