Силјан Мицевски: на сила платив 70.000 евра за да го спасам МЗТ
Денеска Силјан Мицевски сведочеше во судот во случајот Талир, кој што се води против партијата ВМРО-ДПМНЕ за незаконско финансирање.
Тој изјави дека му давал пари на рака на Груевски. Детали во текстот подолу:
Но тој денеска изјави и дека дал огромна сума на пари за МЗТ.
„Да, лично сум однел 10.000 евра кај тогашниот премиер Никола Груевски. Одамна беше тоа. За ВМРО-ДПМНЕ и индиректно сме донирале, за избори. Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Требаше да платат некоја котизација за да не ги избришат од лигата и јас платив. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата” – се збориви на Мицевски пред судот денеска.
Пронајдете не на следниве мрежи: