Симнати буквите „Влада на Република Македонија“ за да се додаде „Северна“

Буквите „Влада на Република Македонија“ од фасадата на зградата на Владата се симнати најверојатно во текот на ноќта за да се направи место за новото име на државата Република Северна Македонија, пренесува СДК.МК.
Денеска Грција со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името и почнува да важи Преспанскиот договор со кој нашата земја ќе се вика Република Северна Македонија.


Следниот чекор е Република Северна Македонија и Грција да достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната спогодба. По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останатите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени. Сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена“, велат од МНР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.