Илон Маск откри ново лого за Twitter избирајќи „Х“ направен во „минималистички артдеко-стил“ како дел од ребрендирањето на платформата.
Сопственикот на Twitter изјави дека дизајнот „најверојатно ќе се промени подоцна, дефинитивно ќе биде дотеран“.
Извршната директорка на Twitter, Линда Јакарино, го потврди изборот во понеделникот.
„Х е тука!“, напиша таа на својот профил.
Маск побарал од своите 149 милиони следбеници идеи за дизајн и се чини дека го избрал логото, кое го покажа во видео во неделата.
Логото Х долго време е опсесија на Маск и е неговото име за „апликацијата за сè“, што тој вети дека ќе ја лансира во одреден момент – и се верува дека ќе ја користи платформата на Twitter за да го стори тоа.
Патем, некои корисници веќе го гледаат логото X кога ја отвораат страницата или апликацијата на Twitter, а други сè уште ја гледаат старата сина птица.
„Набргу ќе се збогуваме со брендот Twitter и постепено со сината птица“, објави вчера Маск на оваа социјална мрежа.
Во таа пригода тој изјави дека сака да го смени логото на Twitter и ги праша своите милиони следбеници дали би сакале бојата на заднината на страницата да се промени од сина во црна.
„Х е иднината на неограничените интеракции… глобален пазар за идеи, стоки, услуги и можности“, објави вчера Линда Јакарино на Twitter.