Додека Сингапур се подготвува за долгоочекуваниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонс-ун, во барот Хопхедс се служи коктел „Броменс“, направен од пиво, текила, диетална Кока кола и соџуа, ликер кој се смета за национаелн севернокорејски пијалак.
-Се одлучивме да употребиме диетална Кока кола, зашто тоа е омилениот пијалак на Трамп, изјави за Ројтерс Карло Ибанез.
Коктелот содржи 150 милилитри Асаши, црно пиво, 60 милилитри диетална Кока кола, 20 милилитри текила и 30 милилитри соџуа. „Броменс“ ќе биде служен само во пар, така што два коктели ќе чинат околу 15 долари, иако е малку верјатно дека Трамп ќе наздрави со Ким, бидејќи не пие алкохол.
Во пабот Ескобар ќе се служат специјални пијалаци „Трамп“ и „Ким“. „Трамп“ е син коктел со бурбо, а „Ким“ црвен со соџуа како основа, секој по цена од околу девет долари.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека повторно стапува во сила планот да се одржи состанок со Ким на 12. јуни во Сингапур.
Откако се сретна во Белата куќа со Ким Џонг Чол, близок соработник на севернокорејскиот лидер, Трамп изјави дека би направил грешка доколку се откаже од самитот во Сингапур, пренесе АП.