Дебатата меѓу синдикатите повторно го отвора прашањето кој ги застапува интересите на работниците, а кој работи во корист на Владата. Двата репрезентативни синдикати во рамки на Европски сојуз на синдикати (ЕСС) – Синдикат на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерација на слободни синдикати (КСС) – се соочуваат со критики и обвинувања околу назначувањата на нивни претставници во управни одбори.
На 3 февруари годинава, Владата го назначи претседателот на КСС, Благоја Ралповски, за член на Управниот одбор на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ). Од Владата истакнуваат дека назначувањето е во согласност со законските одредби.
– Advertisements –
– Согласно член 156 од Законот за пензиското и инвалидско осигурување, во составот на Управниот одбор мора да има претставник од синдикатите – велат од Владата на РСМ.
Според ПИОМ, Управниот одбор има седум членови, а месечниот паушал за секој член е различен: член 15.535 денари, заменик-претседател 16.825 денари, претседател 18.120 денари. Во оваа рамка, Ралповски го појасни и деталот за „шал од 250 евра“, како месечен паушал за неговата функција.
Првиот синдикалец на КСС, Ралповски, за ТВ24 изјави дека неговото назначување е законско и ги обвини ССМ дека и тие имаат свои претставници во други институции:
– На синдикатите со спогодбата за формирање на ЕСС им се доделени четири места во Управниот одбор, едно место во Фонд за здравство, едно во ПИОМ и две во Агенцијата за води. Со оглед на тоа што сега има два репрезентативни синдикати, сите четири места до сега ги држеше ССМ, а КСС беше изоставен – вели Ралповски.



