Синдикатот на ДПИ обвинува дека в.д. директорот не ги исполнува критериумите, од АА велат оти Халит Фератов ја заживеал институцијата

Јован Ѓорѓиевски, претседател на Синдкатот на ДПИ вели дека в.д. директорот Халит Фератов три пати досега е назначуван на функцијата и покрај укажувањата на Антикорупциската комисија, како што рече, дека немал дел од критериумите кои треба да ги поседува за таа работна позиција

Од Алијанса за Албанците вечерва излегоа со соопштение во кое посочија дека Конференцијата на независниот синдикат на Државниот просветен инспекторат е уникатен случај кој јасно покажува кому и зошто му пречи директорот на ДПИ, Халит Ферати

Во најголем дел од образовните установи на водечките позиции се вработуваат лица кои не се квалификувани за тоа. Ова денеска на прес-конференција го рекоа од Синдикатот на Државниот просветен иснпекторат (ДПИ), посочувајќи го сегашниот в.д. директор на оваа институција, како што велат, дека не ги исполнувал критериумите за работната позиција.

Јован Ѓорѓиевски, претседател на Синдкатот на ДПИ вели дека в.д. директорот Халит Фератов три пати досега е назначуван на функцијата и покрај укажувањата на Антикорупциската комисија, како што рече, дека немал дел од критериумите кои треба да ги поседува за таа работна позиција.

„Дел од тие критериуми, а тој ги нема, е минимум петгодишно работно искуство во образованието. Ќе ја следиме неговата работа за да може работниците да ги уживаат синдикалните права“,

рече Ѓорѓевски.

Од Алијанса за Албанците вечерва излегоа со соопштение во кое посочија дека Конференцијата на независниот синдикат на Државниот просветен инспекторат е уникатен случај кој јасно покажува кому и зошто му пречи директорот на ДПИ, Халит Ферати.

„Председателот на синдикатот, Јован Ѓорѓиевски, поранешен градоначалник на општина Сопиште, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која организираше протести против албанското образование во Чашка и против директорот Халит Ферати, денеска бара негово разрешување. Синдикатот е регистриран и на адреса на општина Сопиште, што е преседан за синдикално организирање, кое исто така треба да се залага за правата на вработените, а не за именување директор и политички прашања како што слушнавме на конференција“,

се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Оттаму велат дека сето ова докажува дека на првиот човек на овој синдикат и на неговите соработници им пречи тоа што за првпат повторно заживеа Државниот просветен инспекторат, како што соопштија, кој со години не се слушаше.

„Нив им пречи имплементацијата на албанскиот јазик, вработувањето и унапредувањето на Албанците во инспекторатот и образованието, отворањето албански паралели низ државата, особено во населените места каде што со години не функционираат. За сето ова да не биде доволно, се сеќаваме дека Ѓорѓиевски и некои негови соработници добиле кривични пријави за нивната работа“,

пишува во соопштението.

Владата пред една година го иманувала Ферати за в.д. директор во Државниот просветен инспекторат.

Пронајдете не на следниве мрежи: