Советот на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) утре ќе донесе одлука за започнување на процедурата за штрајк во културата.
Од Синдикатот велат дека насоките што денеска ги добиле директорите во институциите за изготвување на мартовската плата за вработените во културата- се спротивни на Колективните договори.
„Направено е квази толкување на одредбите од Општиот колективен договор за јавен сектор. Направени се весели математики, со цел да се скрати од тоа што законски им следува на вработените. Во насоките од Министерството за култура, кои се дадени без потпишан изготвувач на истите, директорите се принудени да ги поништат старите решенија за плата и да изготват нови по даден терк“, велат од СКРМ во вечерашната објава на „Фејсбук“.