Синдром на новогодишна елка: Што може да се случи со вашето здравје кога ќе внесете божиќно дрво во домот?

Поставувањето на новогодишната елка во домот може да претставува опасност за луѓето со астма или алергија.Кај нив неретко се јавува т.н. “синдром на божиќна елка”, а истиот е предизвикан воглавно од мувлата на природното дрво или вештачката елка која несвесно ја вдишуваме за време на празниците.
Алергологот д-р Лоренс Курландски објаснува дека речиси 70 отсто од видовите мувли пронајдени на живи стебла можат да предизвикаат тешки напади на астма, умор, затнување на синусите, чешање на носот, солзење на очите и болка во синусите.
“Пред да го внесете дрвото во домот, оставете го добро да се исуши на воздух. Ако некој во домот има проблеми со алергија, подобро е да го отстраните што побрзо по празниците”, советува д-р Курландски.


Исто така, важно е секојдневно да ги проветрувате просториите, особено онаа во која се наоѓа новогодишното дрво.
Мувлата е опасна поради топлината во домот
Топлината во домот е една од причините поради која мувлата на елките со текот на времето станува сè поопасна.
Природното дрво е полно со бубачки
Самото стебло најверојатно на себе имa спори на мувла кои со дрвото ги внесувате во својот дом, а кои подоцна се развиваат во топло и влажно опкружување.
Ниту вештачката елка не е безопасна


И вештачките елки можат да претставуваат проблем бидејќи можат да бидат полни со прашина или мувла доколку не се покријат и не се складираат правилно. Не ги оставајте во подрумот или на таванот без да ги спакувате во кутии со кои ќе ги заштитите.
Во спротивно, цели 11 месеци елката собира прашина, а дополнителен проблем може да претставува и неизолираната просторија во која би можело да дојде до кондензација. Капките вода помешани со прашина помагаат во размножувањето на мувла, предупредуваат лекарите.
Попрскајте го живото стебло со оцет
Доколку се одлучите за природна елка, препорачливо е да направите раствор од оцет и вода и со него да го попрскате стеблото, а потоа да го оставите да се исуши на воздух. Оцетот ја убива мувлата и е многу евтино решение.
Вештачкото стебло изнесете го надвор и добро протресете го за да се ослободите од прашината.

Пронајдете не на следниве мрежи: